Трамп допатува во Индија

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска пристигна во индискиот град Ахмедабад, со што ја почна дводневната посета на Индија, каде двете страни ќе се обидат да ги обноват односите нарушени од трговскиот спор.

Трамп во Индија пристигна заедно со неговата сопруга Меланија, а беше пречекан од индискиот премиер Нарендра Моди.

Индија и САД имаат блиски политички и безбедносни односи, а дводневната посета на Трамп е знак на нивните се поблиски интереси, изјавија американски функционери.

InterServer Web Hosting and VPS