Во Битола се пронајдени три неексплодирани гранати со голема разорна моќ

Битола, 23 фебруари– Во Битола биле пронајдени три стари неескплодирани артилериски гранати од Прва светска војна.Завчера во 12:10 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Љубојно“ во Битола биле пронајдени три стари неексплодирани артилериски гранати кал.75 мм од Прва Светска Војна, соопштуваат од МВР.

Од таму информираат дека увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување истите се безбедно подигнати од местото на настанот.

InterServer Web Hosting and VPS