Новиот Volkswagen Caddy новиот крал кај возилата за дотур!

Популарното возило за дотур (лесно комерцијално возило) но и семеен MPV модел – Volkswagen Caddy, штотуку е претставен во Дизелдорф, Германија и притига доаѓа дигитализиран, поврзан, со напредни чисти и ефикасни дизел агрегати. ..
До дене е произведен во повеќе од три милиони примероци, a сега во својата петта генерација , со себе носи и нешто ново, поинакво.

Секој детал е темелно нов, бидејќи за прв пат Caddy се темели врз модуларната платформа (MQB).

Благодарние токму на модуларната MQB- платформа на концернот VW, новите врвни технологии сега си наоѓаат свое место и во новиот Volkswagen Caddy.

Иновативните системи за асистенција на возачот ја зголмуваат безбедноста и воедно го прават возењето полесно.

Вмрежен информативно – забавен систем , дигитален управувачки систем што се заедно го претвора Caddy во паметен „телефон на тркала“.

Тука е и веќе најавената нова техника на двојно дозирање на AdBlue течноста.

Надворешниот изглед добил потполно нов агресивен дизајнерски стајлинг. Некои од присутните на промоцијата биле толку храбри во своите изјави што велеле „ еј, па ова изгледа подобро од новиот Golf“.

Згора на се новата генерација на Caddy може да се пофали и со значително зголемување на прострот во внатрешноста.

Како и системите за помош во возењето и новите агрегати со четири цилиндри се исто така носители на епитетот иновативни.

Ги исполнуваат стандардите за најавените емисии Euro 6 што на сила стапуваат во септември наредната 2021 година.

– Иновативната технологија првпат се користат и во TDI погонски единци со чтири цилиндри, што располагаат со моќ од 75 KS до 122 KS.

Станува збор за двојниот сисите на дозирање на AdBlue течноста ( раствор на урина) што се одвива преку два каталитички претворувачи SCR, а со самото тоа и со двојно вбризгување на AdBlue течноста, што резултира со намалување на нивото на емисија на азотните оксиди (NOx) споредено со претходната гнерација на модлот.

Тоа на Caddy и на неговите дизел – TDI мотори им обезбедува позиција помеѓу најчистите дизел агрегати на светот.

Ефикасни и одрживи се и бензинските агрегати опемени со турбо полначи (TSI) со моќ од 116 KS, а и моторите задвижувани од природен гас (TGI).

Новите технологии на погонските системи имаат забележително позитивно влијание, како од еколоши аспект, така и од економскиот.

Декларираните броји се уште не се откриени, a првите испораки можат да се очекуваат он крајот на летото тековнава 2020 година…

Во блиска иднина се планира и електрифицирана верзија со plug-in хибриден погонски систем!

InterServer Web Hosting and VPS