Хендерсон три недели во аут, но Клоп е среќен, можело да биде и полошо

Ливерпул ќе биде без Џордан Хендерсон во наредните три недели поради повреда на бутниот мускул која ја заработи на дуелот со Атлетико Мадрид.

Хендерсон поради повреда предвреме го напушти натпреварот против Атлетико Мадрид од Лигата на шампионите.

Јирген Клоп на денешната прес конференција изјави дека очекува тринеделна пауза на неговиот фудбалер.

„Повредата на Хендерсон можеше да биде и полоша. Се работи за проблем со бутниор мускул, но е многу поинаква од повредите на некои други играчи во Премиерлигата кои го повредија истиот мускул, пример онаа на Хари Кејн“, вели Клоп.

„Не е толку лошо, но ќе отсуствува околу три недели. Не е добро, но мислам дека треба да бидеме среќни, можеше да биде и полошо“.

„За дуелот со Вест Хем, со исклучок на Хендерсон, сите други се подготвени“.

InterServer Web Hosting and VPS