Објавен поетскиот конкурс за меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ – Гостивар

Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ – Гостивар го објави поетскиот конкурс за овогодинешното издание на манифестацијата, која се организира по седми пат.

Како и претходните години така и оваа година во конкурсот, право на учество ќе имаат поетите од Македонија и од Балканските земји, во две возрасни категории, до 18 години и над 18 години. На конкурсот учесниците се пријавуваат со испраќање на свои три необјавени песни, не подолги од 32 реда, напишани на мајчин јазик (учесниците на кои македонскиот не им е мајчин јазик, задолжително доставуваат препев на македонски или на англиски јазик).

Темата и формата на песните се слободни. Творбите се испраќаат на електронската пошта на фестивалот:literaturniiskri@yahoo.com, заедно со личните податоци за авторот.

Крајниот рок за пријавување е 31 март 2020.

Традиционалната поетска манифестација „Литературни искри“ се организира во чест на 24-ти мај, денот на сесловенските браќа „Св.Кирил и Методиј“.

InterServer Web Hosting and VPS