Aiways U6ion concept во Женева

Покрај серискиот модел U5, производителот на автомобили од Кина Aiways на претстојниот салон за автомобили, на почетокот на март, во Женева, ќе претстави и свое ново концепт возило…
Станува збор за Aiways U6ion concept што е најавено со неколку цртежи од производителот, атрактивна crossover-coupe креација, што ќе има електричен погонски систем.

Поконкретни детали за овој концепт се уште не се соопштени, а за него се знае само дека ќе биде базиран врз истата MAS платформа (More Adaptable Structure) на која е изграден и моделот U5.

Новиот концепт воедно ги најавува и идните сериски модели на кинеската компанија, при што за нивниот изглед е задолжен Кен Окујама (Ken Okuyama), поранешниот шеф на дизајнот во дизајнерското студио Pininfarinina.

Серискиот U6ion најверојатно ќе располага со истиот погонски систем како и веќе претставениот U5, што подразбира моќност од 140 kW/190KS и 315 Nm, максимален момент на вртење, што заедно со батерија со капацитет од 65 kWh, би требало, да биде доволно за автономија на возење со едно полнење на истата од околу 460 km.

InterServer Web Hosting and VPS