Peugeot го лансира својот прaктичен работник – pick up модел Landtrek

Познатиот производител на автомобии о Франција Peugeot јa интензивира интернационалната експанзија со новиот модел Peugeot Landtrek кој влегува во конкуренцијата на масивни pic-up, на пазарот, сегмент што станува се популарен не само во САД, туку и глобално.

Изграден врз основите што го дефинираат сегмтот : 3,5-тонски влечен капацитет, разновидноста, поинаква форма на шасијата, големи off road можности, цврст, издржлив, робусен…. пристигнува Peugeot Landtrek со напредна модуларностно и со комфор што се нуди кај лимузините, а со впечатливиот дизајн остава силен впечаток во сегментот.

Французите го потфотвија Peugeot Landtrek за силен настап во сегментот на орисни работници – камионети (pick-up) и со него најнапред ќе настапат во Јужна Америка и суб-сахарска Африка, а потоа се очекува да се појави и на останатите пазари каде има потреба и каде популарноста на пикап автомобили е голема (САД, Азија, Пацифичкиот регион и на Стариот контиет каде овој вид возлило станува се попопуларен) .

Французите не се познати во овој сегмент но со Landtrek, што е плод на соработката помеѓу Peugeot и кинескиот производител Changan, базиран е на нова платформа на која е заснован и неговиот близнак Changan Kaicheng F70, прави силен исчекор со настапво две различни верзии, Workhorse и Multipurpose, зависно од потребите на купувачите (првиот со единечна кабина, а вториот со простор за задна клупа).

Атрактивниот дизајн и засилената робусност со кои Peugeot Landtrek треба да освојува со функционалност и идржливот за сите надворешни активности.

Димензиите на францускио pick-up се : должина од 5,33 метри за двојната кабина, односно 5,39 метри за верзијата со единечна кабина, а ширината е иста за двете верзии 1,92 метри додека капацитетот на багажникот, велат од Peugeot, е најголем во сегментот.

За оние кои имаат потреба од такво нешто, од Peugeot напоменуваат дека како опција се нуди и верзија без заден браник и ротирачка кука.

Како дел од дополнителната опрема, од француската компанија најавуваат над 40 додатоци кои ќе бидат достапни при „дотерувањето“ на возилото според вашите потреби.

Кога станува збор за дизајнот, Peugeot Landtrek ги инкорпорира сите актуелности на брендот: : вертикалната решетка со логото во средина, вертикални LED светла, зависно од верзијата, алуминиумски тркала, а во внатешноста е истиот управувач од Peugeot 3008 и 10-инчниот HD екран на врвот од инструменталната табла од Peugeot 508, поврзаност преу USB/Bluetooth), автоматски двозонски клима, компатибилност со Apple CarPlay и Android Auto….

Французите посветиле големо внимание на удобноста на возачот и патниците, со многу додатоците од нивните патнички модели.

Задната клупа е уникатна во сегментот може да се соборува во сооднос 60/40 или целосно, а напред клиентите ќе избираат помеѓу две одделни седишта или клупа со три седишта.

Помешу бројните системи за помош во возењето и безбедноста се: системот за одржување на сообраќајна лента, за помош при искачување, за помош при влечење, можност за вградување на една до четири камери за следење на движењето….

Во однос на погонските единици Peugeot Landtrek се нуди со две опции на мотори: бензински со работен волумен од 2,4-литари, со 210 КС и 320 Nm, впарн со шест -степен мануелен или шест-степен автоматски менувач и топ брзина од 182 km/h (176 за 4×4 верзијата) .

Французуте не се откажуват од дизелите и тука се застапени со 1,9-литарски турбо дизел со 150 КС и 350 Nm, со шест-степен мануелец менувач (топ брзина од 172 m/h со погон на задна оска односно 171 km/h за 4×4 верзијата).

InterServer Web Hosting and VPS