За Нејмар, Кристијано не е ни меѓу петте најдобри на светот

Бразилецот мисли дека во моментов има барем петмина подобри од Роналдо.

Напаѓачот на ПСЖ и бразилската репрезентација, Нејмар, ги наброја петте најдобри фудбалери на светот, а меѓу нив не го смести Кристијано Роналдо од Јувентус. Нејмар преферира фудбалери со кои или играл во ист тим, или ги цени поради други работи.

„Кои се петмина најдобри? Меси, Суарез, Мбапе, Погба и Азар. Има многу фудбалери со кои би сакал да играм, еден од нив е Ромарио, со Роналдо Назарио играв на прошталниот меч, би сакал да играв и со Зидан и Ибрахимовиќ“ – рече Нејмар.

InterServer Web Hosting and VPS