Загина работник при извршување на работни задачи во рудник

Прилеп, 20 фебруари- Во рудник во Прилеп вчера околу 11:15 часот почина работник.

Од МВР информираат дека Д.З.(67) од Прилеп, кој управувал товарно возило „сканија 113“, со велешки регистарски ознаки, при извршување работни задачи во рудникот паднал од камионот.

Тој бил пренесен во Општата болница Прилеп каде од лекар била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

InterServer Web Hosting and VPS