Обожавател ѝ кажа на Селма Хајек дека има премногу ботокс, а еве што му одговори таа!

Актерката Селма Хајек (53) и во шестата деценија од животот воодушевува со својата убавина. Холивудската ѕвезда на Инстагарам објави фотографија на која позира под палма, а до израз доаѓа нејзиното совршено лице.

– Ветар, воздух – напишала накратко Селма.

Еве ја таа фотографија:

По оваа објава Инстаграм се преплави со лавина од коментари, а многумина напишаа дека таа изгледа фантастично.

Меѓутоа, еден фан сметаше дека Хајек користи премногу ботокс.

– Премногу ботокс. Не е потребно, Селма – напиша обожавателот.

Хајек на ова изреагира, па на фанот му одговори на културен начин.

– Немам ботокс. Но, ти благодарам за советот, бидејќи размислував дека можеби е време – му одговори таа.

Еве, како изгледаше тоа:

InterServer Web Hosting and VPS