Трамп го назначи амбасадорот Гренел за шеф на американското разузнавање

Американскиот претседател Доналд Трамп го назначи Ричард Гренел, американски амбасадор во Германија и специјален пратеник за Србија и Косово за нов директор на Националната разузнавачка служба на САД. Ваквата вест тој ја сподели на Твитер, каде напиша дека има задоволство да објави дека амбасадорот на САД во Германија, Ричард Гренел ќе стане прв човек на американското разузнавање.

„Тој ја претставуваше нашата земја и очекувам дека добро ќе соработуваме. Му благодарам на досегашниот директор Џо Мегваер“, се вели во објавата на претседателот Трамп.

Оваа функција беше воспоставена по терористичките напади врз САД на 11 септември 2001 година и ги надгледува 17-те цивилни и воени американски разузнавачки агенции, вклучувајќи ја и ЦИА.

Гренел, освен амбасадор на САД во Германија во изминатиот период беше специјален пратеник на американскиот претседател за дијалогот меѓу Приштина и Белград. Тој важи за голем поддржувач на Трамп и тој ќе го замени Џозеф Мекгавјер кој беше на таа функција од август лани.Сенаторот Марк Венер оцени дека наименувањето на Гренел е обид да се избегне уставната улога на Сенатот да биде консултиран за такви важни безбедносни функции.

извор: Makfax

InterServer Web Hosting and VPS