Деветмина убиени во пукање во близина на Франкфурт, напаѓачот е пронајден мртов

Најмалку девет лица се убиени, а петмина се повредени во вооружен инцидент во германскиот град Ханау во близина на Франкфурт.Полицијата соопшти дека напаѓачот е пронајден мртов во неговиот дом. Специјалните полициски сили пронајдоа уште еден труп во домот. Истрагата е во тек.

„Нема индикации дека биле вмешани и други осомничени. Еден од двајцата пронајдени мртви е многу веројатно сторител“, соопшти полицијата на Твитер.

ВИДЕО

Непознатите напаѓачи пукале врз гости во два „шиша“ барови во германскиот град Ханау. Полицијата засега нема точна бројка на загинати и ранети, ниту објаснување за мотивот на нападот.Најпрво бил нападнат бар во центарот на градот, а напаѓачот или напаѓачите потоа пукале во уште еден бар во друга градска населба.Локалните медиуми јавуваат за масовно полициско присуство во градот кој го надлетуваат и хеликоптери.

Инцидентите се случија синоќа во 22 часот. Регионалниот портал „Форсрунг онлајн“ пренесува дека едно лице пукало кон минувачите од автомобил. Наводно, прво бил нападнат наргиле барот Миднајт во центарот на градот Ханау, каде што биле убиени три лица таму. Сторителот потоа се возел во Кеселштат и влегол во друг бар, Арена Бар и Кафе, каде убил пет лица.Сведоци велат дека слушнале десетици истрели од огнено оружје.

Ханау е град со околу 100.000 жители, на 25 километри од Франкфурт.

Од полицијата претпоставуваат дека напаѓачот извршил самоубиство во својот дом откако побегнал во темен автомобил, но мотивот за нападот е нејасен.„Билд“ пишува дека мажот е германски државјанин – во неговиот автомобил биле пронајдени муниција и оружјје, како и списанија, а тој имал лиценца за ловечко оружје.

InterServer Web Hosting and VPS