Вработен во ПИОМ подигал пари од пензија на почината жена

Тетово, 19 фебруари- СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(45) од с.Вејце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во март 2019, К.Ф.(53) од с.Вејце,тетовско, бил повикан во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и му биле побарани документи за продолжување на пензија на неговата мајка, на што тој кажал дека неговата мајка е почината во 2013 и дека не знаел дека требало да пријави во Фондот.

Исто така, од Фондот го информирале дека на име на неговата мајка од 2013 до 31.01.2018 од Фондот биле исплатени 247.836 денари, за кои кажал дека тој не ги подигнал. Притоа, од Фондот му бил издаден листинг со кој извршил проверка во Македонска пошта во Тетово, при што било утврдено дека пријавениот ги подигнал паричните средства на име на мајката на оштетениот.

InterServer Web Hosting and VPS