Богатството на Фарук: Еве колку “тежи“ заводливиот актер од Истанбулската невеста

Како што ви е веќе познато Оскан Дениз го глуми Фарук од хит серијата Истанбулската невеста. Оскан е роден во Анкара на 19ти Мај 1972 година. Најпрво се прославил како музичар, а малку подоцна се испробал и како актер во повеќе познати турски серии.

Дениз зад себе има два неуспешни брака. Во првиот брак бил женет со Хандан Дениз. Тие во брак биле 10 години, од 1992 до 2002 година.

Во вториот брак беше оженет со познатата турска актерка и манекенка Фејзе Актан. Овој пат актерот во брак беше само 15 месеци. Двојката заедно има едно дете, синот Кузеј, кој сега има една годинка.

Богатството на Оскан оваа година е проценето на 5 милиони долари. Неговата заработка се должи на неговите настапи и турнеи низ светот. Но, тој исто така заработува и од улогите кои последниве години ги добива како главен лик во повеќето познати турски серии.

InterServer Web Hosting and VPS