Тамара Тодевска дел од најновата кампања на Европската Унија (Видео)

Тамара Тодевска е дел од најновата кампања на Европската Унија наречена
„Европејците кои прават разлика“

Кампањата има цел да им ги претстави на граѓаните на ЕУ иновативните и талентирани жени од Западен Балкан.

Освен Тамара, во оваа кампања свое претставување имаат и Маја Раишевиќ од
Црна Гора, Селма Продановиќ од Босна и Херцеговина, Детина и Аргита Зали од
Албанија и Наташа Ковачевиќ од Србија.

Тамара ќе има и свој настап во Брисел на 5. март, како дел од кампањата.

На минатогодишната Евровизија во Израел, Тамара ги урна сите рекорди
на евровизиските претставници од Македонија. Таа го постигна најдобриот
резултат на земјава во финалето и полуфиналето, најдобриот пласман досега и
беше првиот победник од жирито од Балканот.

InterServer Web Hosting and VPS