Заев: Очекуваме ЕУ да го исполни ветувањето за стартот на преговорите

Северна Македонија ги оствари сите препораки на Европскиот совет од јуни 2018 година и ја добивме најсилната препорака за отпочнување на преговорите за членство со ЕУ, истакна премиерот Зоран Заев, кој денеска присуствува на Самитот за Западен Балкан во Познањ, Полска.

„Очекуваме ветувањето за старт на преговорите во октомври да биде исполнето. Убедени сме дека тој процес може да оди паралелно со процесот на преговори и за проширување со земјите од регионот“, нагласи премиерот Зоран Заев, кој својот профил на „Фејсбук“ сподели видео од Самитот.

InterServer Web Hosting and VPS