Aston Martin има нова „ѕверка“ – Vantage Roadster

Новиот Aston Martin со отворен кров ќе заблеска во полн сјај во март на Саемот за автомобили во Женева.

Vantage Roadster доаѓа неколку години по купе верзијата. Автомобилот има склоплив платнен кров што се спушта за само 6,7 секунди кога возилото мирува, односно за 6,8 секунди при возење со брзина до 50 км/ч.

Производителот се пофали дека ова значи дека Vantage Roadster го има најбрзо склопливиот автоматски платнен кров во автомобилската индустрија.

Благодарение на лесните компоненти што го сочинуваат механизмот на подвижниот кров, Vantage Roadster тежи само 60-тина килограми повеќе од моделот со цврст кров.

За погон го има истиот 4.0-литарски V8 твин-турбо мотор како и Vantage Coupe. Станува збор за машина на AMG со моќност од 510 коњски сили, а максималниот вртежен момент изнесува 685 Nm.

Моделот има осумстепен ZF автоматски менувач што ја префрла моќноста на задните тркала. Vantage Roadster забрзува од 0 до 96 км/ч за 3,7 секунди, што е само 0,2 секунди побавно од купе варијантата. Максималната брзина изнесува 306 км/ч./kajgana.com/

InterServer Web Hosting and VPS