Нова опција на Instagram!

Instagram тестира нова опција која најверојатно ќе им биде од голема корист на корисниците.

Instagram има добри вести за корисниците на кои им недостига стариот, хронолошки, распоред според кој се појавуваат постовите. Компанијата тестира нова опција наречена “Latest Posts”. Оваа опција ќе се појавува на главниот Feed и ќе им овозможи на корисниците првично да ги гледаат најновите постови од нивните пријатели како што ќе бидат постирани. 

Instagram сеуште ќе го има истиот начин на покажување на постовите, но ова ќе биде како дополнителна опција која ќе биде достапна и ќе им помогне на корисниците да не пропуштат ниту еден нов пост./gsm.mk

InterServer Web Hosting and VPS