Еве зошто е добро да ги вклучите маслинките во секојдневната исхрана

Сакате ли да бидете сигурни дека во организмот го внесувате само најдоброто, тогаш дознајте зошто уште денес треба да изедете неколку маслинки.

Маслинките се овошје, а еве и неколку добри причини зошто е добро да ги јадете секој ден.

Кардиоваскуларни користи

Маслинките му помагаат на телото да го исфрли холестеролот, па така, со ова се намалува можноста за кардиоваскуларни болести.

Слабеење

Сигурно до сега повеќето не слушнале за оваа предност на маслинките, а веруваме дека најмногу ќе ги интересира девојките. Луѓето кои трошат најмногу маслинки, вкупно консумираат помалку калории и ретко се прејадуваат. Крвните тестови покажуваат дека тие имаат највисоко ниво на серотонин. И самата арома на маслинките може да предизвика чувство на ситос и да го намали внесот на калории за речиси 200 на ден.

Поздрава кожа и коса

Црните маслинки се богати со масни киселини и антиоксиданси кои ја хранат, хидрираат и штитат кожата.

Добар извор на железо

Маслинките, особено црните, се богати со железо. Ако патиме од недостаток на железо, нашите клетки не добиваат доволно кислерот и можеме да чувствуваме студенило или слабост.

InterServer Web Hosting and VPS