Jaguar ќе го паузира производството на електричниот I-Pace

Kомпанијата Jaguar, деновиве објавија дека привремено ќе паузира со производството на електричниот модел I-Pace, поради недостатокот на батерии
Како што пишува британскиот Times, компанијата Jaguar, идниот понеделник, ќе го запре производството на I-Pace а паузата во производството би требало да трае една недела, се додека не пристигнат новите батерии во фабриката. Иако I-Pace е модел на Jaguar, тој се произведува во фабриката во Грац, во Австрија., а главниот добавувач за батерии е корејски LG Chem, кој батериите во Грац ги доставува од својот погон во Полска.

Во претходните три година Jaguar продаде околу 18.000 примероци од електричен SUV моделот I-Pace , што од лансирањето на пазарот предизвика голем турбуленции при што ја освои и престижната титула Светски автомобил на годината, во 2019 година.

Инаку, I-Pace е клучен продукт за иднината на Jaguar, особено во Европа, бидејќи би требало да му овозможи на британскиот бренд да ги избегне потенцијални казни во Европската унија поради флотната емисија на штетни гасови.

Инаку, LG Chem и претходно претставувал проблематичен доставувач, бидејќи често се случувало да не испорача доволен број на батерии. Така, во 2017 година Hyundai мораше да го одложи почетокот на производството на електричниот Ioniq , минатата 2019 година и Audi имаше проблеми со истиот добавувачпоради што доцнеа испораките на електричниот e-Tron.

Во приказната на „несолвентниот“ добавувач настрада и Mercedes со дознење на неговиот електричен медл EQC модел, а резултата на тоа е и намалувањето на предвиденото годишно производство. Едноставно нема доволно батерии.

Веќе е ноторен факт дека LG Chem и неговата фабрика во Полска не можат да се носат со зголемената побарувачка на батерии.

Тоа што загрижува е што продажните бројки на сите наведени автомобили се релативно скромни, а фабриката за батерии не успева да работи во рамки на роковите и бараните капацитети!!!

InterServer Web Hosting and VPS