Cupra го „обезбеди потписот“ на Тер Штеген

Шпанскиот бренд Cupra го промовираше Марк Андре тер Штеген за свој нов „член“, односно глобален амбасадар и човек чие влијание и популарност ќе бидат искористени за натамошен раст на перформанс производителот во сопственост на Seat.

За оние кои помалку следат фудбал, Тер Штеген е германски репрезентативец и еден од најдобрите светски голмани, кој неколку години е прв избор и на тренерите на Барселона.

Cupra го обезбеди Германецот со еден од 1.999 примероци на Cupra Ateca Limited Edition, атрактивниот SUV со посебни спортски карактеристики и 300 коњски сили, па Тер Штеген ќе може секојдневно да ужива во перформансите на автомобилот кој му помогна на брендот да постигне позитивен тренд во 2019 година.

Како што потенцираат од Cupra, минатата година биле продадени 24.700 примероци, што е раст за повеќе од 70 проценти. Годинава во понудата ќе пристигне новиот Cupra Leon, како и првиот самостоен модел Formentor, па се очекува дополнителен напредок во однос на продажбата.

InterServer Web Hosting and VPS