Hyundai го најави Prophecy, електричен концепт подготвен да воодушевува во Женева

Hyundai продолжува да ја збогатува содржината на својот саемски штанд кој се подготвува за халите на „Палекспо“ во Женева, а по најавата за новата генерација на i20 и освежениот i30, сега е потврден настапот и на атрактивен концепт.

Се работи за електричен автомобил кој како концепт ќе го носи името Prophecy и медиумите и посетителите ќе можат првпат да го видат токму на Саемот кој следува на почетокот на март.

Одговорните во Hyundai најавуваат дека нивниот Prophecy ќе го оправда своето име, уште еднаш најавувајќи ја дизајнерската филозофија „Sensuous Sportiness“, а од првата фотографија може да се заклучи дека концептот ќе има атрактивна спортска силуета и сериозни атрибути во однос на аеродинамиката.

– Prophecy не ги следи трендовите, туку ја акцентира безвременската убавина која ќе го издржи временскиот тест. Неговиот импресивен дизајн ќе го прошири дизајнерскиот спектар на Hyundai на поширок хоризонт, – вели СангЈуп Ли, прв човек на глобалниот дизајнерски центар на корејскиот гигант.

InterServer Web Hosting and VPS