Заколнатиот непријател на Меркел ќе се кандидира за нејзин наследник

Фридрих Мерц, вечниот ривал и заколнат непријател на германската канцеларка Ангела Меркел во нејзината конзервативна партија ЦДУ, планира да се кандидира за претседател на партијата, објавија германските медиуми во средата.

Главниот претставник на десното крило на Христијанско демократската унија (ЦДУ), по години центристичка политика на канцеларката, станува можен кандидат за претседател на партијата, по објавувањето на оставката на сегашната претседателка во екот на политичката криза.

Новиот претседател на ЦДУ во исто време ќе биде кандидат за должноста канцелар пред парламентарните избори планирани најдоцна до крајот на 2021 година, и на тој начин ќе има можност да ја наследи Меркел на канцеларската должност која ја вршеше повеќе од 15 години. Пред дваесет години, таа надмоќно го победи.

ЦДУ е најпопуларна партија според анкетите, иако е во пад.

Фридрих Мерц, 64-годишен адвокат, решен е во намерата да се кандидира на партиските избори што би можеле да се организираат пред летото, според дневниот весник Билд и агенцијата ДПА.

Доколку биде избран за претседател на ЦДУ во наредните месеци, канцеларката со таков ривал во партијата тешко ќе може да го заврши мандатот, кој ѝ истекува во 2021 година. Тоа би можело да доведе до предвремени избори.

Сегашната претседателка на Конзервативната партија Анегрет Крамп-Каренбауер во понеделникот ја објави својата оставка.

InterServer Web Hosting and VPS