Германскиот министер за здравство предупреди на недостиг на лекови поради коронавирусот

Германскиот министер за здравство, Јенс Спан предупреди дека постојната инфекција со коронавирус може да доведе до недостиг на лекови во Европа, со оглед на тоа што многу од состојките што се користат во производството на лекови доаѓаат од Кина

Спан истакна дека неколку од активните состојки на лековите што пристигнуваат во Европа се од Кина, поточно од покраината Хубеј.

Министерот исто така предупреди дека запирањето на производството во Кина може да има дополнителен ефект и за Европа посочувајќи на фактот дека контејнерите што пристигнуваат од Кина со брод ги носат состојките потребни за фармацевтската индустрија кои треба да пристигнат за околу четири недели во Европа.

Спан ја повика Европската комисија да ја анализира ситуацијата и да даде предлози како да се реши проблемот. Исто така повика на подобра организираност на процедурите при утврдување на коронавирусот меѓу земјите членки на ЕУ.

InterServer Web Hosting and VPS