Помпео го поздравува напредокот на односите со Талибанците

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека е постигнат „ значителен напредок“ во мировните преговори со Талибанците во последните неколку дена, пренесува Би-Би-Си.

Помпео изјави дека Доналд Трамп дал зелено светло за понатамошни разговори.

Администрацијата на САД веќе подолго време се обидуваше да преговараат со Талибанците за крај на 18-месечниот конфликт во Авганистан.

Трамп во септември рече дека разговорите со Талибанците се „мртви“.

Помпео денеска го поздрави напредокот, но рече дека преговорите се комплицирани и се уште не е постигнат мировен договор.

Неговата изјава доаѓа откако американскиот секретар за одбрана Марк Еспер им рече на новинарите дека е договорен „седумдневен прекин на насилствата“.

Околу 13.000 американски војници се распоредени во Авганистан.

InterServer Web Hosting and VPS