Денот на вљубените низ светот: Италијанките ѝ праќаат писма на Јулија, а Французите ги обновуваат заветите

Денеска е Ден на вљубените, кој низ светот е познат како Валентајн, а го добил името по ранохристијанскиот светец Валентин, кој живеел во 3 век во новата ера.

Според приказните, Свети Валентајн бил свештеник кој тајно ги венчавал римските војници и нивните избрани невести.

Во тоа време римскиот цар Клаудие донел наредба според која ниту еден римски војник не смеел да се венча, бидејќи тоа би му пречело на боиштето.

Сите војници морале да ја почитуваат таа одлука, вклучувајќи го и свештенството, но свештеникот Валентин се огласил на заповедта и почнал тајно да ги венчава младите двојки, ризикувајќи така да заврши во затвор и да биде убиен. Така и било. Вечерта на 14 февруари му била отсечена главата.

Симболот на Валентајн е римскиот бог Купидон. Се смета дека оној кој ќе биде погоден од стрелата на Купидон, веднаш ќе се вљуби.

Обичаите кои луѓето денес практикуваат да ги прават за Валентајн се разликуваат од општество до општество.

Портокалите и Сингапур

Според кинескиот календар, Валентајн паѓа на 15 ден во Новата година, а тој е резервиран за традиционалниот Фестивал на фенерите. Вљубените од Сингапур и Малезија во текот на годините си развиле свои обичаи, а еден од нив е поврзан за портокалите. Слободните жени и девојки на портокали ги пишуваат своите броеви на телефоните, па ги фрлаат во реките и езерата, а сите слободни мажи подоцна ги вадат и ги јадат.

Јапонија и големите количини чоколада

Во Јапонија жените и девојките за Валентајн на своите партнери, на колегите од работа и на шефовите им подаруваат чоколадо. Слободните девојки чоколадо им даруваат на своите симпатии. Еден месец подоцна, т.е. на 14 март мажите на жените подаруваат бело чоколадо и тој ден е познат како Бел ден (White Day).

Ден на пријателството во Финска

Финците Валентајн традиционално го поврзуваат со пријателството. Се подготвуваат креативни честитки и подароци кои им се подаруваат на партнерите, пријателите и семејството. Праќачот притоа е анонимен, па саканите лица мора да откријат кој се сетил на нив на 14 февруари.

Италијанките ѝ праќаат писма на Јулија

Верона во Италија на денот Валентајн е во центар на вниманието. Љубовни писма освен на саканите ѝ се пишуваат и на Јулија, а потоа група млади луѓе ги читаат и ги наградуваат најдобрите.

Обновување на заветот во Франција

Вљубените парови во Франција за Валентајн се одлучуваат на обновување на брачниот завет, а селото со 285 жители е совршено место за веридби, па поради тоа Валентајн тука трае подолго од каде било во светот, а соодветната свеченост се одржува три дена. Популарно место за вљубените во Франција е Сент-Валентајн во покраината Индре.

Данците праќаат шеговити љубовни песни

Данците на своите сакани за Валентајн им праќаат шеговити љубовни песни. Песните се праќаат анонимно, а името на испраќачот е скриено во стиховите. Среќничката која примила песна има време до Велигден да открие кој ѝ ја пратил. Ако успее, испраќачот на Велигден ѝ дарува јајце, а ако не успее, испраќачот сепак се открива и тогаш таа нему му дарува јајце.

На Филипини се организираат масовни венчавки

На Филипините постои обичај по повод Валентајн да се организираат масовни венчавки. Се проценува дека лани за Валентајн се венчале над 4000 парови. Оваа година веќе почнаа масовни венчавки во филипинските градови така што бројот веројатно ќе биде уште поголем.

Германците праќаат честитки со слики од прасенца

Германските обичаи за прославата за Валентајн се обични. Исклучок се честитките на кои се наоѓаат слики на прасенца, бидејќи токму свињата во оваа земја е симбол за среќа и страст. Освен тој подарок, Германците љубов изјавуваат и со медени колачиња на кои пишува Ich Liebe Dich!

Словенците си подаруваат колачи во форма на птички

Во Словенија постоела традиција за славење на љубовта на 12 март, кога на празникот Св. Гргур се венчавале птиците. Денес таа традиција по малку е заборавена, но сепак постојат луѓе кои на тој ден на своите сакани им даруваат колачи во форма на птички и така остануваат верни на поранешната традиција.

Во Велика Британија на валентајн се даруваат децата

Според приказните, многу одамна во Норфолк, Велика Британија, Џек Валентајн (Old Father Valentine) во ноќта спроти Валентајн посетувал деца и им подарувал подароци и колачи. Сличен е на Дедо Мраз, само што тој не се спуштал низ оџакот. Потеклото на оваа традиција е непознато, но и денес многу родители ја негуваат, па на Валентајн ги даруваат своите деца.

InterServer Web Hosting and VPS