Робен и официјално стави крај на својата кариера

Иако се поврзуваше со трансфер во неколку клубови, сепак Робен ги изненади сите со својата одлука да стави крај на својата кариера како професионален фудбалер.

Арјен Робен по крајот на минатата сезона се збогуваше со Баерн Минхен, но малкумина мислеа дека Холанѓанецот ќе стави крај на својата кариера. Се шпекулираше дека би можел да се пресели во Португалија,Италија или да се врати во Холандија, а исто така имаше гласини дека би можел да заигра за некој клуб во САД или Јапонија, но сепак тој одлучи да се повлече од фудбалот.

„Ова без сомнение е најтешката одлука која можев да ја донесам во мојата кариера. Одлука во која срцето и умот се судрија. Љубовта кон оваа игра ве убедува дека и натаму можете да се носите со целиот свет, но во реалноста не оди така како што сакате и не сте повеќе 16-годишно момче кое не знае што се повреди“, изјави Робен и додаде:

„Моментално сум здрав и подготвен, а како љубител на многу спортови сакам таков да останам и во иднина. Така да, дефинитивно завршувам, така е добро“, изјави Робен.

InterServer Web Hosting and VPS