Графити позади таблата

Во дебатата околу „аферата Мизрахи“ не станува збор за антисемитизам и про-еврејство, туку за односот кон моќта и немоќта и нејзината валутна политичка манипулација. Пишува Арсим Зеколи

Не знам колку од симпатизерите на г-ѓа Рашела Мизрахи ја имаат прочитано книгата „Со од на ракот” на Гинтер Грас (2002). Не верувам дека ги има многу. Штета. Книгата би им се нашла како поука во тековните идентитетски дебати предизвикани од трауматични катарзи, персонифицирани вини, маченички невини и замена на ролји. Катарзата на Грас во првиот чин беше поврзана со едно убиство на германски антисемит од хрватски Евреин и најголемата поморска катастрофа предизвикана од пијан молдавски капетан. Во вториот чин, духот на минатото се враќа персонифицирано, низ внукот на една од преживеаните патнички на потонатиот брод, неговата вљубеност во националсоцијалистичката идеологија и преписката со германски врсник кој се доживува како Евреин и со кого ја споделува почитта кон демонстрацијата на воената моќ на Израел кон Арапите.  Книгата завршува со „Das hört nicht auf. Nie hört das auf“. Не барајте превод. Книгата не е завршена. 

Убеден сум дека критичарите на ѓ-га Рашела Мизрахи го немаат ни слушнато, а камоли погледано, потресниот филм „Човек во стаклен кафез” на Артур Хилер и Максимилијан Шел. Штета. Станува збор за, барем според мене, најпроникливиот целулоиден приказ на бескрајната агонија на Холокаустот. Прикажан низ еден единствен комплексен лик на богат индустриjалец и нацистички злосторник и еврејски логораш и бегалец од правда и паталец за право. Кој на крај, среде судница во Израел, ќе се соочи со нацистичкиот стрелачки строј. Последниот звук кој ќе го слушне се стиховите „Sh’ma Yis’ra’eil Adonai Eloheinu Adonai echad”. Не барајте превод. Строфата не е завршена. 

Валутна политичка манипулација

Доколку по некое чудо овие симпатизери и хејтери би нашле време и волја да ги консултираат овие далеку помудри од нас дела, можеби би се согласиле дека во сета дебата околу аферата Мизрахи не станува збор за антисемитизам и про-еврејство, туку за односот кон моќта и немоќта и нејзината валутна политичка манипулација. Антисемитизмот е трансцендетален, речиси безвременски, приказ на моќта и немоќта, реална или имагинарна, конструирана или проектирана. Семитизмот, унилатерално припишан кон Евреите, е опасен кога е на колена, уништен, смачкан, згазен, понижен. И затоа проектирано заканувачки поради претпоставената одмазда која ја нагризува свеста и совеста на ништителите, мачителите, газителите, понижувачите. Семитизмот, унилатерално одречен кон Арапите, е опасен кога е на свои нозе, исправен, исполнет, згазувачки, горд. Опасен поради напуштањето на дезигнираната перпетуална улога на виновник. И Мизрахи тоа го знае. И повеќе од тоа – го живее на сопствена кожа.

Како човек во чии уши десетици пати одекнувало ехото за „гасни комори” (често од нејзиното ново милје на обожаватели) имам потполно разбирање и симпатии за стоичноста на Мизрахи во одбивање да реагира директно на глупавите и морничави а ла хумусни референци. Нејзиниот молк кон зачестените идентитетски подвлекувања кон неа како Еврејка ми е сосема познат и близок како илустрација за молкот кој го користам кон оние кои „шиптарството” го користат или како смислена навреда, или како доказ дека, демек, ние сме толку авангардно надетнички што пријателот-Албанец однапред знае дека не го користиме „шиптарството” во погрдна смисла. А колку тој пријател-Албанец знае, би можело да се прикаже низ една единствена ретортна реакција на „така е бе, Бугарче”. Не се лутете, де. Пријателот-Албанец тоа го вели, онака, авангардно …

Но ако судам за Мизрахи според искуствени аршини, сетики и на Рашела треба да ѝ биде јасно дека нејзиното еврејство е подеднакво сведено на еднократна, смислена, прецизно проектирана употреба од страна на бранителите. Нешто како еврејски Муки. И тоа е дилема која самата Мизрахи треба да ја расчисти со себе и сопствената околина. Што е сепак ѓаволски тежок предизвик, интимна агонија на самопреиспитување меѓу вербата во себе и сомнежот во вербата за мотивите на останатите кон тебе. На Мизрахи и нејзините душевни премрежија помеѓу слатко-горките напади кон неа и горко-слатките бранења на неа, можам да ѝ посакам само да си го ожнее тоа што нејзе ѝ е најбитно. Да си биде успешен Министер. Или нововремска верзија на увозна вмровка за мајтап употреба според теркот на Јанкуловска. Како и да е

InterServer Web Hosting and VPS