Кирацовски: Џафери нека си ја врши својата работа и веднаш нека го прифати барањето за разрешување на Мизрахи

Додека е неизвесно кога и дали ќе започне седницата за законот за јавно обвинителство, пратеникот Александар Кирацовски во изјава за Фокус побара од спикерот Талат Џафери да го стави на дневен ред барањето на Оливер Спасовски за разрешување на Рашела Мизрахи.

-Џафери наместо да Бокисува, нека си ја врши својата работа како што доликува и веднаш нека го прифати, не моето, туку барањето од актуелниот тех. Премиер за разрешување на министерката за Труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, поради кршење на Уставот. За нивото кое денес го покажа Талат Џафери, не ме личи да зборувам, сам за себе доволно кажа со одговорот на моето барање за закажување седница за разрешување на министерката Мизрахи. Но она за што гласно ќе зборувам е манипулацијата која Џафери ја изврши врз пратениците пред околу година дена на седницата закажана за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски, намерно пречекорувајќи го рокот на истата, по што Велјановски неоправдано го ужива имунитетот до денешен ден. Нема да му дозволам на Џафери, уште еден обид за играње мајтап во Парламентот. И уште еднаш јасно напоменувам, на пратениците им смачено преку нивни грб да се кршат уште копја, а самите пратеници, кои придонесоа многу за остварување на историски успеси и државни постигања, повторно да бидат “топовско месо”, вели Кирацовски.

InterServer Web Hosting and VPS