Експлодира бомба поставена под џип во Нови Сад

Силна експлозија се случи вечерва околу 19 часот во Нови Сад. Според досегашните информации, експлозивната направа била поставена под џип. Од експлозијата на бомбата џипот „бмв“ одлетал во воздухот, а сообраќајот речиси во целиот град е блокиран.

Бомбата била подметната под автомобилот на паркинг во непосредна близина на основно училиште. Во инцидентот е повреден еден маж. Како што јавуваат српските медиуми, станува збор за Слободан Милутиновиќ – Снајпер (34), кој од претходно ѝ е познат на српската полиција.

InterServer Web Hosting and VPS