„Харвард“ и „Јеил“ под истрага поради прикривање странски финансирања

САД отвори истрага против универизтетите Харвард и Јеил поради сомневања дека добивале парични средства од странски земји, вклучително од Саудиска Арабија и Кина.

Министерството за образование соопшти дека елитните универзитети не пријавиле стотици милиони долари од странски донации и договори.

Според американскиот закон, универзитетите се обврзани да ги пријават сите донации и договори од странски извори кои надминуваат 250.000 долари.

Министерството за образование на САД соопшти дека од јули минатата година открило околу 6,6 милијарди американски долари од претходно непријавени подароци од земји, вклучувајќи ги Катар, Кина, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Како што се наведува, оваа бројка би можела да е „значително потценета“.

InterServer Web Hosting and VPS