Солскјер има план: Две ѕвезди за 200 милиони

Манчестер Јунајтед во јануари го купи Бруно Фернандеш, но после ваква лоша сезона јасно е дека на тимот му се потребни нови засилувања.

Англиските медиуми пренесуваат дека директорот Вудворд и тренерот Солскјер имаат план на лето да донесат двајца фудбалери, кои се блиски пријатели и имаат голема желба да играат на „Олд Трафорд“.

Станува збор за Џејмс Медисон од Лестер кој игра фантастично оваа сезона и „лисиците“ тешко ќе можат да го задржат. Медиумите на Островот тврдат дека за 100 милиони евра би можел да се пресели на „Олд Трафорд“.

Вториот е Џек Грилиш кого Астон Вила ќе мора да го продаде на лето за да ја финансира трансфер кампањата. Цената на младиот репрезентативец секојдневно расте бидејќи го следат Реал Мадрид и Барселона.

Двајцата одлични играчи за врска би можеле да пристигнат на „Олд Трафорд“ за околу 200 милиони евра и заедно со Фернандеш да оформат нов среден ред, а Погба готово сигурно ќе биде продаден.

InterServer Web Hosting and VPS