Мигранти од Бангладеш, Пакистан и Индија пронајдени во возило кај Демир Капија

Синоќа на автопатот Демир Капија – Неготино приведен бил С.З.(43) од Србија, кој управувал товарно моторно возило со српски национални ознаки, затоа што при контрола на возилото полициски службеници пронашле 22 лица-мигранти.

Како што соопшти МВР, двајца од мигрантите биле од Бангладеш, двајца од Индија и 18 од Пакистан.

Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Неготино за понатамошна постапка.

InterServer Web Hosting and VPS