Елена и Гуте за 10 дена ќе прават српско – македонска свадба во Скопје, а ова се деталите

Македонската пејачка и учесничка во Ѕвездите на Гранд, Елена Миленковска на почетокот на годината го кажа судбоносното „да“ и се омажи за нејзиниот колега Гуте Маринковиќ.

Елена и Гуте се запознаа во музичкото шоу каде што беа под менторство на Ана Бекута. Новопечениот пар една година биле пријатели, но по неколку месечна врска се верија и се венчаа.

Елена и Гуте направија едноставна и скромна прослава во Белград, но вистинската свадба ќе се случи на 22.02.2020 во Скопје.

Гуте во интервју за „Гранд“ откри повеќе детали за свадбената церемонија.

„Ние се венчавме, а свадба ќе правиме за 11 дена во Скопје. Веќе се организиравме“ вели Гуте и додавa:

„Ќе ни пејат два бенда, еден од Македонија, еден од Србија. Ќе има многу колеги на свадбата.

На прашањето дали ќе бидат испочитувани одредени свадбени обичаи, Маринковиќ вели:

„Ќе гледаме да имаме што помалку обичаи бидејќи сакам Елена да биде поштедена бидејќи е бремена, па да не ја малтретираме со обичаите, да биде мирна, да не размислува“.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ

Елена и Гуте исто така беа гости во емисијата „Практична жена“ каде што заедно готвеа бомбици, а во истата емисија открија детали од нивниот заеднички живот.

Имено, Елена откри што најмногу ја нервира кај Гуте односно вели дека најчесто се караат во кујна.

„Јас сакам кога ќе ги измијам садовите тоа да биде убаво, средено. Да не биде хаос во кујната. А тој кога мие, секаде ги фрла работите, секаде е вода  и јас не можам да се снајдам“ вели Елена.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ

За потсетување, Елена и Гуте на почетокот на летото ќе станат родители за првпат, а неодамна открија дека очекуваат син.

Извор: vistina.com.mk

InterServer Web Hosting and VPS