Верхофштад: Орбан да не ги финансира анти-ЕУ и анти-НАТО силите во Северна Македонија и Словенија

Пратеникот во Европскиот парламент и поранешен лидер на Алијансата на либералите и демократите за Европа Ги Верхофштад на Твитер напиша дека унгарскиот премиер Виктор Орбан треба да престане да ги финансира силите кои се против Европската унија и НАТО во Северна Македонија и Словенија.

„Виктор Орбан финансира анти-ЕУ и анти-НАТО сили во Словенија и Северна Македонија. Крајно време е ова да престане“, напиша тој.

Овој став на европратеникот доаѓа по текстот на порталот Нецензурирано, дека медиуми во Словенија и Северна Македонија се финансираат од пари на компании кои се блиски до партијата Фидез на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Словенечката полиција потврди дека Националното биро за истраги води предистражна постапка за начинот на кој се финансираат одредени медиуми во таа земја.

InterServer Web Hosting and VPS