Шкупи се засили со голман на Бурсаспор, го договори и Кеита…

Вчера, во последниот ден од зимскиот преоден рок, раководството на Шкупи успеа да ангажира две засилувања.

Тоа се младиот голман на Бурсаспор Чанберк Јурдакул, кој има само 18 години и ќе биде на позајмица на Чаир во пролетниот дел. Додека Фаули Кеита, екс играч на Челик, фудбалер од средниот ред од Сенегал, исто така е договорен и ќе биде засилување во составот на Ќатип Османи.

Тој порано играл во екипата на АСАЦ Дианбур, од каде што потекнува и Дембо. Кеита беше на подготовките во Анталија и задоволил на пробата.

InterServer Web Hosting and VPS