Занети за „трансферот“ на Лаутаро во Барселона: Тој е важен играч за нас, досега…

Изминативе неколку денови низ медиумите се појави информација за една голема бомба, трансфер на Лаутаро Мартинез од Интер во Барселона.

По ваквата вест за зделката вредна 112 милиони евра се огласи агентот на напаѓачот, а сега свој коментар на таа тема даде потпретседателот на „нероаѕурите“, Хавиер Занети.

-Интер нема добиено никаква понуда. Се надевам Лаутаро вака ќе продолжи, тој е важен играч за нас и сакаме да го гледаме со нашиот дрес. Многу сум задоволен од тоа што го направи во првата сезона. Не е лесно, има само 21 година и покажа карактер, -истакна Занети.

InterServer Web Hosting and VPS