Антикорупциска ќе го проверува Рашковски

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе проверува дали генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, влијаел надвор од своите ингеренции на тендерот за безбедносниот систем на Македонска навигација.

Од Антикорупциска ќе проверат дали Рашковски навистина, како што тврдеше на прес-конеференцијата во вторникот, имал право да присуствува на состанокот со претставниците на „Леонардо“ како задолжен од Владата.

ДКСК ќе треба да утврди и дали тој има евентуална вмешаност во изборот на оператор која треба да постави нов радарски систем на македонскиот аеродром, како што тврдат медиумите кои ја пренесоа аудио-снимката со транскриптот од прислушкуваниот разговод на свиркачот Климент Чепуњоски, доскорешен член на управата на Македонска навигација.

InterServer Web Hosting and VPS