Трпкова за „Медена земја“: Сега имаме наш пример, создаван од млади овде образовани луѓе

Не знам што може да не’ направи подобри луѓе? Не знам зошто тие што најмногу треба да го препознаваат вредното и важното, и носат важни одлуки за нас сите – не го препознаваат…Неспорна е заедничката радост за успехот на Медена земја, но вистинскиот успех доаѓа само и исклучиво со разбирање и доживување на пораката од овој филм. Начинот на кој е создаден, вербата, љубовта, љубопитноста, истрајноста, скромноста, насмевките на младите творци заедно со духовната чистота на главните протагонисти, се возбуда и поттик сами по себе. Сега имаме наш пример, создаван три години по ред, од млади ОВДЕ ОБРАЗОВАНИ луѓе, во срцето на нашата татковина.

Мислам дека е редно да се престане со популизмот како – неработни денови, денови на мед, помош за овој оној, а да почне да се работи сериозно и ОД СРЦЕ за земјата и луѓето што живеат во неа. Да престане да се размислува “им дадовме”, “им завршивме работа”, “им понудивме”, туку напротив -направете простор и слобода за сите ние да го даваме, нудиме и вадиме најдоброто од себе. Мојот сомнеж дека нашиот капацитет е исцрпен единствено Медена земја го побива…најмалку како успех, најмногу како надеж дека во земјава сеуште тлее потенцијал. Само до кога, е прашањето….
ФБ статус на Синоличка Трпкова

InterServer Web Hosting and VPS