Атиџе и во Лос Анџелес ја покажа својата мудрост: Како што јас споделувам со пчелите, така сакам и сите луѓе да споделуваат едни со други!

Како никогаш досега во Македонија го очекувавме доделување на Оскарите и со добра причина – екипата на Медена земја буквално испиша историја со тоа што доби две номинации за најпосакуваната награда за филмаџиите.

Во тимот на „Медена земја“ во „Долби театарот“ беа Тамара Котевска, Љубомир Стефанов, Атанас Георгиев, Самир Љума, Фејми Даут, како и ѕвездата на филмот, Атиџе Муратова, која даде и изјава за турски медиум.

– Самото тоа што Академијата го номинираше документарецот „Медена земја“ во оваа категорија е голем успех и за филмот и за Македонија – изјави Бонг Џон Хо, режисерот на филмот „Паразит“, кој заврши како најголем победник на овогодинешните Оскари.

Своја шанса да и се обрати на пошироката јавност од Лос Анџелес имаше и нашата хероина Aтиџе, која уште еднаш ја покажа својата мудрост и испрати моќна порака до целиот свет.

– Мојот живот по снимањето на филмот драстично се промени. Сега имам нова куќа, и сѐ станува подобро. Сакам публиката да извлече само една порака од филмот: како што јас споделувам со своите пчели, така сакам и сите луѓе да споделуваат едни со други – порача скромната Атиџе.

InterServer Web Hosting and VPS