Microsoft Surface Duo прикажан на фотографија во живо

Microsoft во октомври минатата година конечно го најави Surface телефонот, како уред што пристигнува со два екрана, со Android оперативен систем и наречен Surface Duo. Кога е во прашање хардверот, Microsoft не потврди многу работи, а повеќе детали знаеме за софтверот.

Сега Surface Duo е забележан во живо, во јавниот превоз во Ванкувер. Една работа која ја открива фотографијата, а која не беше позната претходно е блицот за камерата во врвот на екранот. Доколку навистина се работи за блиц за камерата, се очекува дека Microsoft нема да ја имплементира доделената камера на задната страна на уредот. Дисплејот би морал да се превитка до крај за постоечката камера да се користи како задна.

Microsoft и натаму тврди дека плановите се Surface Duo да биде објавен во текот на празничната сезона кон крајот на 2020. година, иако некои извори сугерираат дека уредот би можел да се појави и претходно.

извор: USB.mk

InterServer Web Hosting and VPS