Баерн не сака гол машина како Роналдо, ЦР7 бил малку престар

Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хаинер ги прокоментира гласините за трансфер на Кристијано Роналдо на Алианц Арена, вели дека ЦР7 е престар за шампионот на Германија.

Португалецот е еден од најдобрите фудбалери на денешницата но и во историјата, синоќа наполни 35 години, но партиите кои ги прикажува на теренот покажуваат дека годините се само бројка за него.

Тој на девет меча по ред постигнува гол во дресот на Јувентус, и веќе може да се пофали со 50 погодока на 70 натпревари во дресот на „старата дама“.

Секој би посакал ваков фудбалер во своите редови, но не и претседателот на Баерн Минхен, кој смета дека ЦР7 е престар за шампионот на Германија.

„Секако дека многу имиња се вртат низ медиумите, тоа е разбирливо. Нo Роналдо е малку престар за нас“ – вели Херберт Хаинер во разговор со ТЗ.

InterServer Web Hosting and VPS