Ждрепка за полуфинале во Копа дел Реј: Хитот на сезоната го доби џелатот на „кралот“

Хитот на годинешната сезона во кралскиот Куп (Копа дел Реј) во Шпанија, Мирандес, кој стигна до полуфиналето елиминирајќи неколку гиганти го доби џелатот на најтрофејниот шпански клуб Реал Мадрид, Реал Сосиедад за противник во полуфиналето. Во второто полуфинале, Атлетик Билбао ќе игра со Гранада.

Мирандес на патот до полуфиналето успеа да ги елиминира Атлетик Билбао, Севилја, па Вилјареал и сега повторно ќе има екстра тежок противник за место во финалето и шанса за битка за престижниот трофеј. Сосиедад, пак, го победи Реал среде Мадрид во спектакуларен меч со седум гола (4-3) и овој тим ќе се обиде да ја прекине неверојатната низа на второлигашот.

Атлетик Билбао, кој е втор најтрофеен клуб во историјата на шпанскиот куп, вчера ја елиминираше Барселона, додека Гранада после неколку децении повторно доаѓа во ситуација да се бори за место во големото финале, кое во следните четири години ќе се игра на „Ла Картухи“ во Севилја на 18 април.

Полуфиналињата се играат на 12 февруари, а реваншите на 4 март.

InterServer Web Hosting and VPS