Alfa Romeo со специјално лого најави активности со кои ќе го прослави 110. роденден

Влезот во 2020 година е најава за прославување на 110. роденден на италијанскиот бренд Alfa Romeo, кој од своја страна најави дека ќе го одбележи јубилејот со повеќе настани и на различни локации кои се поврзани со успешната историја на брендот.

Главниот настан е закажан за 24. јуни во „Museo Storico“ и на него ќе учествуваат и претставници на официјалните клубови и фанови, а Alfa Romeo ќе го потенцира јубилејот и на настани како трката „Mille Miglia“ и брзинскиот фестивал во Гудвуд.

Дизајнерите на италијанскиот бренд подготвија и специјално лого кое ја означува 110-годишната историја, а со неговата промоција се најавени и активностите во 2020 година.

– Од 1910 до 2020 година, нашата траекторија ја комбинираше интернационалната препознатливост и прифатеност на брендот, моторите, технологијата, адраналинот, историјата и забавата. Јубилејот на Alfa Romeo e голем ден за сите, – порачува италијанскиот производител во својата најава за одбележувањето на јубилејната година.

InterServer Web Hosting and VPS