До Претседателот Пендаровски, Оливер Спасовски, Зоран Заев и Христијан Мицкоски

ДАМЕ ЧКАТРОСКИ

Опстанокот на Швајцарија никогаш не бил до денес во прашање заради тоа што Швајцарија е постојано подобро место на живеење од нејзините соседи. Северна Македонија ,мора да биде секогаш во подобра и по поволна ситуација од нејзините соседи ,Албанија и Косово и Србија.

Посебно економски,политички и демократски. Овој дел е сега многу важен во овие периоди на развојот на Балканот. Со тоа ќе и биде гарантирана унитарноста од внатре. Во изминатиот век,оваа формула,”подобра од Бугарија” ја чуваше Македонија, доволно.

Иако не секогаш економски беше подобра од Бугарија.Оваа форумула се применува во СХС каде нај добрите години за развој токму ги има во моментот после убиството на Тодор Александров. Оваа поента е крајната поента во разговорите со ЕУ ,со Макрон или со било кого од Запад.

Чудно е што Србија ја имаат оваа поента одамна вградено но тука беше Милошевиќ да ги руши работите. Таквите националисти,ниту разбираат ниту ги интересира нешто за долгорочните стратегии на сопствената земја па нити долгорочните национални интереси без разлика кој е шеф/глава на ЕУ или САД.

Политичарите и советниците се менлива категорија,само долгорочна стратегија на една земја ,а таа стратегија треба да е јасна и вградена во ДНК на чинителите.

Дури ги убедуваме Србите дека, демократијата,економијата се далеку по моќно оружје од сите Мигови од Русија и сиот куп на оружје кои би го купиле од таму. Ма колку да се пењават нашите за Егејското прашање од Грција од нашите добиваат едно обично-Прдддд. Преспанскиот договор е одличен одговор на целиот наш дневно политички вокабулар кој се сведи на прдешка од Канада до Австралија.

И контра-прдешката е испорачана од нашите нај блиски од Грција.Се испорачува таа прдешка од 1948 па наваму.И добро ја испорачуваат и вреди да се поздрават за тоа. Или да се поздравиме. Македонија се срози и се начука во тесно. Правдата и криминалот се денес нај големата опасност по незе. Пред изборно и пост изборно.
Конгломератот на корупција, сојузи, договори, заеднички фирми, мешовити фирми, мешовити бизниси. Едноставно Македонија својата унитарност и демократија ја гарантира со взаемна корумпираност на политичките елити. Не замајуваат писма и поздрави од нашата емиграција.

Исто адекватно количински како во времето на Милошевиќ и она “Ја волим Србију” или “Зајам за Србија”.Абе истите тие луѓе денес им пишат во нивните во нивните Македонски медиумски гласила со ист терк и ист тон. Некаков Бил од Америка..Бил ејјј..Името не го давал.Добро.
Замислете штабски официри си пишат сами себе поддршка.Неверојатно. Ај што е неверојатно туку е неверојатно да ВМРО-ДПМНЕ не сака и не може да излези од ова клише заради нивните гласачи.Некогаш доста прогресивната партија се сведе на реакционери и ретроградисти.

Што ти прави корупцијата.Едно големо НИШТО. Дали пост изборно некаква нова влада на Зоран Заев ќе го разбере овој текст и работи по него за општото добро на сите,јас незнам.

Дали Вмро-Дпмне ќе го разберат овој текст? Јас тврдам дека НЕ. Далеку се тие од овој текст да го разберат. Емоции се тоа кои се вирус во нивните глави уфрлен од големата пљачка и кршење на демократијата цела деценија.Ниви генерации пораснаја и им го уфрлија во мозокот овој вирус. Не верувате?!

Гледајте само на терен кои се се истрчани. Читајте нивните медиуми и пристапот кон гласачкото тело. Сакам да некаква десничарска партија излезе смело и рече-Ќе ви дадеме 1 милијарда евра за 1000 фирми да направат бизниси и луѓето останат во Македонија. Оваа десница би дала по 1000 евра на членовите дури пљачка 1 милијарда. Да вртат душа и да не се едуцираат многу. ВМРО-ДПМНЕ е генератор и инкубатор за простите.

InterServer Web Hosting and VPS