Двајца полицајци нападнати во КПУ “Идризово”

Скопје, 07 фебруари– Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.К.(22) и С.С.(27), двајцата од Р.Aлбанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“.

На 06.01.2020, при вршење на рутинска контрола во КПУ „Идризово“, полициски службеници додека вршеле службени дејствија, биле физички нападнати од пријавените.

InterServer Web Hosting and VPS