Kia Sonet Concept претставува најава за нов мал градски кросовер

На автомобилскиот саем во Делхи, Индија, Корејскиот бренд го прикажа концептот за нов тренди градски кросовер, кој наскоро ќе започне со сериско производство.

Sonet Concept се одликува со модерен дизајн кој инкорпорира елементи карактеристични за брендот интерпретирани во поагресивен стил. Најзабележливи дизајнерски елементи на моделот се големите отвори за воздух на предниот дел, набабрените странични крила и изразените Ц-столбови меѓусебно поврзани преку покривот, кој е обоен во црна боја.

Иако е претставен како концепт, кросоверот изгледа речиси подготвен да биде лансиран на производствените ленти, со исклучок на вовлечените рачки на вратите и малите странични ретровизори, кои најверојатно ќе бидат заменети кај серискиот модел.

Димензиониран под Stonic и со должина од малку под четири метри, сериската изведба на Sonet ќе биде најмалиот глобален кросовер на Kia, со исклучок на Picanto X-Line, кој е само поопремена верзија од најмалиот компакт со погруби дизајнерски додатоци.

Концептот е изложен со максимално затемнети прозорци и не нуди поглед кој ентериерот, но според Kia, новиот Sonet ќе нуди најмногу простор во класата и ќе доаѓа со некои системи кои до сега не биле вградени во модел од овој сегмент.

InterServer Web Hosting and VPS