Ја скрати косата: За новата промена Камила се пофали на Инстаграм

Пејачката досега имаше долга кафена коса со шишки, а сега драматично ја скрати.

Популарната пејачка Камила Кабелјо одлучи дека е време за промена. Иако сите досега се навикнаа на нејзината типична фризура: долга, кафена коса со шишки, таа одлучи да ја скрати и тоа дури малку повеќе. Новиот изглед – краткиот боб – го претстави на Инстаграм.

„Си земав време за себе и почнав да се грижам за тоа како се чувствувам. Одлучив да ја слушам интуицијата и да го прават тоа што навистина ме радува“ – напиша Камила до фотографијата со новата фризура, која ја сподели на својот профил.

Инаку, пејачката моментално се наоѓа во Лондон каде работи на спотот за новата песна која наскоро ќе излезе. „Навистина уживам и едвај чекам да видите што ново ви подготвувам“ – заклучи Камила.

Како ви се допаѓа нејзината нова фризура? Како ви е поубава – со долга или со кратка коса?

InterServer Web Hosting and VPS