Продолжуваат чествувањата на годишнината од смртта на Григор Прличев

Со бројни манифестации и традиционалните „Прличеви беседи“ Охрид ја одбележува годишнината од смртта на ловороносецот Григор Прличев.

Денес во 12:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“, со настап на градскиот хор ќе започне свеченоста. На годинашниот лауреат Стево Симски ќе му биде врачена Повелбата за најдобра поема за делото „Таинство на богомилите “.

Утре ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во дворот на ОУ, по што ќе се одржи панихида на неговиот гроб. Во рамките на прославата ќе се одржи и традиционалната манифестација „Охридска визита“.
Извор: ОхридПрес

InterServer Web Hosting and VPS