Уште една изградена болница во Вухан со 1.600 кревети

Локалните власти во Вухан најавија дека ќе пренаменат уште осум објекти во импровизирани медицински установи за згрижување на заболените од коронавирус. Станува збор за спортски центри, гимназии и изложбени салони.

Трите веќе реконструирани објекти имаат 3.400 легла. Севкупно, 11 привремени болници можат да згрижат 10.000 пациенти со коронавирус. Овие импровизивни болници се очекува да бидат во функција во среда.

Вухан, главниот град на покраината Хубеи, за само десет дена изгради болница со 1.000 кревети, а се очекува денеска да ја отвори втората новоизградена болница во Лејшеншан.

Вухан, град со 11 милиони жители, има на располагање многу болници и клиники, но бидејќи коронавирусот продолжува да се шири, потребни се дополнителни медицински услуги и болнички капацитети, јавува Ксинхуа. Во Хубеи се пријавени 3.156 нови случаи на вирусот и 65 нови смртни случаи, со што вкупниот број заразени во покраината достигна 16.678 и 479 смртни случаи

InterServer Web Hosting and VPS